Полирање фарови

Полирање : фарови, штопови.
Заштита : восочна, полимерна, керамичка, заштитна фолија

Закажете термин

Што кажаа клиентите за нас

Вградување фарови

Вградуваме фарови: задни, предни, магленки. Ксенон и лед осветлување.

Закажете термин

Поправка на фарови

Поправаме: пукнато кукиште, скршени држачи, оштетени лупи.

Закажете термин

Машинско центрирање на фарови

Вршиме машинско центрирање на фарови, што е еден од клучните фактори за добро осветлување!

Закажете термин

Прашања и одговори

Полирањето на фаровите им помага да останат чисти и прозирни. Тоа помага да се подобри видливоста на патот (понекогаш дури до 80%), особено ноќе и да се намали ризикот од несреќи.
Во многу држави, полирањето на фаровите е задолжително согласно законските прописи. Ова се прави за да се осигура дека фаровите се во состојба да обезбедат доволна видливост и безбедност на патот.

Еве неколку причини кои се најголеми непријатели на фаровите:
- УВ зрачење(сонце)
- Непрофесионално одржување на автомобил (користење на хемикалии кои не се соодветни за одржување на автомобили и автомобилски фарови)
- Физичко оштетување (гребење со четки во перални). Често пати четките во пералните ги користат за чистење на фелните од автомобилот, а потоа со истите четки ги чистат и фаровите. Таквите четки се полни со прашина и песок од фелните и претставуваат ситен абразив.

Секако. Центрирањето на фаровите игра важна улога во осветлувањето, слободно може да се каже дека тоа е клучниот фактор за добро осветлување. Центрирањето на фаровите на возилото е потребно за да се осигура правилно фокусирање и позиционирање на светлосниот зрак кој се испушта од фаровите.
Безбедност на возилото: Правилно центрирани фарови помагаат да се осигура вашата сопствена безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Правилно фокусирање: Светлосниот зрак може да биде премногу висок или премногу нисок, што го намалува опсегот на видливост на возилото.
Заштита од заслепување: Ако фаровите не се центрирани, светлосниот зрак може да ги заслепи од спротивниот правец. Ова може да создаде опасни ситуации и да се резултира со намалена контрола врз возилото и зголемен ризик од судир.
Законски прописи: Во многу земји, вклучувајќи ги и македонските, центрирањето на фаровите е задолжително согласно законските прописи. Ако фаровите не се центрирани правилно, може да бидете кажнети и да се изложите на правни проблеми.

На ова прашање не можеме да дадеме конкретен одговор бидејки секој автомобил е индивидуална приказна. Највеќе зависи од тоа како се одржува автомобилот, дали е премногу изложен на сонце и УВ зрачење, дали се вози авотомобилот по патишта на кои има песок и прашина, дали се пере со хемикалии кои не се препорачани за одржување (перење) автомобили, дали се гребе физички (со четки во перални) и т.н.
Во просек препорачливо е полирање на секои 2 години како би се задржала ефикасноста на фарот и изгледот на автомобилот.

Некои од најчестите знаци дека фаровите треба да се полираат вклучуваат:
- Пожолтување на површината на фарот
- Матирање (без сјај)
- Смалување на светлоста и видливоста на патот
НАПОМЕНА: Доколку забележите било кои од овие знаци, тогаш е време да ги исполирате фаровите.

Не. Ние не ги демонтираме фаровите од возилото, но притоа целата површина окулу фарот се изолира со специјална заштита.

Времето на полирање на фаровите може да варира во зависност од степенот на заматеност и оштетувањата на фаровите. Обично, процесот на полирање може да потрае од 30 минути до еден час.

Апсолутно! Со полирањето се отстранува минорното оштетување и пожолтеност на фарот. Ова им помага на фаровите да останат во добра состојба, да бидат функционални и ефикасно да ја вршат својата работа. Со редовното полирање и одржување на фаровите може да се зголеми нивниот животен век пред биде потребна целосна промена на фаровите.

Полирањето се изведува во четири третмани со тоа што после полирањето, фарот се заштитува од понатамошни надворешни влијанија. Во процесот се користат специјални полирачи и апликатори за отстранување на заматувањето/пожолтеноста и минорните оштетувања од површината на фаровите.

Полирањето на фаровите е често поевтина алтернатива од замената на целиот фар. Тоа им помага на фаровите да изгледаат како нови и да функционираат ефикасно, што значи дека можете да ги задржите истите фарови и да го продолжите нивниот век на употреба.
НАПОМЕНА : Понекогаш доколку фаровите се премногу оштетени препорачливо е да се заменат со нови!

Контакт

Име: Специјализиран сервис за автомобилски фарови
Телефон: +389 75 807 164
E-mail: info@farovi.mk
Локација: Скопје, Населба Драчево (кај поштата)
Работно време: Пон - Пет : 09:00 - 18:00
Саб : 10:00 - 17:00
Нед: неработен